Свет

Зеленски: Европа, САД и светот мора да извршат притисок врз Путин да стави крај на војната

Зеленски: Европа, САД и светот мора да извршат притисок врз Путин да стави крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Европа, САД и светот мора да имаат силна, обединета надворешна политика за да извршат, како што наведе, притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната во Украина со праведен и траен мир.

Зеленски на платформата Х напиша дека на сегашната влада во Русија и треба војна за да се одржи.

Тој исто така истакна дека Русија ја докажува својата намера да ја продолжи војната со секојдневно бомбардирање на Украина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни