Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека „не знае“ за каква било средба со претставници на Русија на Минхенската безбедносна конференција.
Зеленски на прес-конференција во Минхен рече дека смета дека САД сè уште немаат план за мир во Украина.
Тој посочи дека шефот на неговиот кабинет во моментов е на средба со американскиот претставник за Украина, Кит Келог.