Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ја повтори својата понуда да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и да преговара за прекин на војната во Украина, објави АП.
„Украина никогаш не ја сакаше оваа војна и Русија е таа што мора да ја заврши војната што ја започна“, рече Зеленски во објава на Телеграм.
Зеленски во своето вечерно обраќање во понеделник објави дека на состанокот со руската делегација во среда, 23 јули, украинската делегација ќе ја предводи поранешниот министер за одбрана на земјата, Рустем Умеров, кој сега е секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.
Зеленски ја повтори понудата за средба со Путин