Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја достигнала стратешка пресвртница во војната со Русија.
Сепак, тој предупреди дека е невозможно да се каже колку долго ќе траат борбите, пренесе Ројтерс.
„Невозможно е да се каже колку дена ќе треба да ја ослободиме украинската земја, но можно е да се каже дека ќе го направиме тоа“, рече Зеленски.
„Бидејќи веќе достигнавме стратешка пресвртница“, рече тој во телевизиско обраќање, повикувајќи ја меѓународната заедница да го засили притисокот од санкции врз Русија.