Зеленски: Невозможно е да се заврши војната без прекин на огнот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е невозможно да се заврши војната без прекин на огнот.

– Без прекин на огнот секако е невозможно да се заврши војната, бидејќи е невозможно да се отвори патот за дипломатијата. Неопходно е да се покаже некаков резултат што е сигнал дека едната или другата страна сака да заврши војната – рече тој на прес-конференцијата по состанокот на „Коалицијата на волните“ во Киев, пренесува Укринформ.

Затоа, според Зеленски, Украина веднаш го поддржа предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за безусловен прекин на огнот.

Украинскиот лидер истакна дека ќе дојде до прекин на огнот и дека тоа е „само прашање на време“.

– Сите се собравме да го координираме ова и да го направиме што е можно побрзо, бидејќи секој ден, за жал, бројот на жртвите од оваа војна расте – додаде тој.

Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот федерален канцелар Фридрих Мерц, како и британскиот и полскиот премиер Кир Стармер и Доналд Туск денеска присуствуваа на состанокот на „Коалицијата на спремните“ во Киев, со цел да се координира поддршката за планот за 30-дневна пауза во руско-украинскиот конфликт.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното