Зеленски од Брисел: Чувствуваме дека не сме сами, ви благодарам!

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски пристигна на самитот за Украина и одбраната на Европа во Брисел. По пристигнувањето, тој им се заблагодари на лидерите на Европската унија за „силната поддршка“ што и ја дадоа на неговата земја.

„Во текот на овој период, вклучително и минатата недела, бевте со нас“, рече Зеленски по пристигнувањето на самитот во Брисел.

„Ние не сме сами, и тоа не се само зборови, ние тоа го чувствуваме“, додаде тој.

Тој исто така рече дека европските лидери „испратиле силна порака до украинскиот народ, кој тоа го цени“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното