Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нарече „блеф“ заканата на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе прибегне кон нуклеарно оружје.
Мислам дека заканата од нуклеарна војна е блеф. Едно е да се биде убиец. Друго е да се изврши самоубиство“, рече Зеленски во интервју за познатиот германски весник „Ди Цајт“, објавено во средата.
Путин на 27 февруари на телевизиски состанок со највисоките руски одбранбени функционери рече дека им наредил на силите за одвраќање на неговата земја – кои вклучуваат нуклеарно оружје – да влезат во највисока состојба на готовност.
Зеленски продолжи да рече дека нуклеарната закана на Путин „покажува слабост“.
Се заканувате со употреба на нуклеарно оружје само кога ништо друго не функционира“, рече Зеленски. „Секоја употреба на нуклеарно оружје значи крај за сите страни, не само за личноста која го користи“.