Зеленски пријавил дека неговото семејство лани имало приход од 380.000 евра

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пријавил дека минатата година тој и неговото семејство оствариле приход во износ од околу 380.000 евра (15,2 милиони гривни), соопшти прес-службата на кабинетот на Зеленски.

Во соопштението се наведува дека приходите на Зеленски и неговото семејство минатата година благо се зголемиле.

Се прецизира дека отплатата на обврзниците на домашниот државен заем на семејството Зеленски му донела околу 212.000 евра (8,5 милиони гривни), додека семејниот приход се состоел од претседателската плата на Зеленски, банкарските камати и приходите од продажба на сопствен недвижен имот, кои донеле приход од околу 167.000 милиони гривни.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното