Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Соединетите Американски Држави заработиле милијарди долари од војната во Украина, благодарение на големите договори за оружје.

Зеленски истакна дека американските компании оствариле големи приходи, дури и преку лиценцирање, благодарение на огромната побарувачка за оружје и опрема, објави Униан.

„Американските компании заработија милиони дури и од лиценци, бидејќи имаат канцеларии во Европа. Значи, ова се милијарди приходи. И верувам дека оваа војна го донесе тоа“, рече Зеленски во интервју за британскиот новинар Пирс Морган.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното