Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Киев се сретна со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и и се заблагодари на Северноатлантската алијанса за поддршката.
„Денес, првенствено разговаравме за тоа кои нашите следни заеднички чекори можат да им обезбедат на Украина и на цела Европа поголема безбедност и да го доближат вистинскиот крај на војната“, рече Зеленски, пренесува Укринформ.
Тој особено ја нагласи програмата PURL, благодарение на која Украина купува оружје од Соединетите Американски Држави.
Зеленски се сретна со Руте во Киев