Зеленски: Украина е подготвена за директни разговори со Русија

Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот.

„Подготвени сме и да забележиме дека, по прекинот на огнот, подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифингот.

Да потсетиме, вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.

Во обраќањето пред печатот, Путин рече дека со Киев ќе може директно да се разговара за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.

„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе ненадејно 30-часовно велигденско примирје, за што двете страни меѓусебно се обвинуваа.

Повеќе детали наскоро …

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното