Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека припадници на украинската армија започнале со распоредување во рамките на мисијата во Данска за споделување на искуства во одбраната од беспилотни летала.
„Нашата армија започна со распоредување на мисија во Данска за проширување на искуството на Украина во заштитата од беспилотни летала. Момците пристигнаа за да учествуваат во заеднички вежби со партнери, што би можело да стане основа за нов систем за спротивставување на руските и сите други беспилотни летала“, рече Зеленски на Телеграм.
Тој нагласи дека украинското искуство е „моментално најрелевантно во Европа“.
