Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека војната меѓу Русија и Украина не е само вооружен конфликт, туку битка на различни погледи на светот, додавајќи дека сите Украинци се молат за траен мир.
„Ова дефинитивно е повеќе од вооружен конфликт, повеќе од агресија на една држава против друга, тоа е војна на погледи на светот, војна на фундаментални феномени. Токму на нашата земја денес се одвива битката на доброто и злото, светлината и темнината. Украинците го знаат тоа“, рече Зеленски на Националниот молитвен појадок, годишен настан што ги собира политичарите од различни партии, бизнисмените, дипломатите и свештенството, пренесува Укринформ.
Зеленски истакна дека зборовите на поддршка од меѓународните партнери значат дека земјата не е сама „во борбата против злото“.
Зеленски: Војната меѓу Русија и Украина е конфликт на погледи на светот, се молиме за траен мир