Свет

Зеленски задоволен од британската воена помош

Зеленски задоволен од британската воена помош

Запрашан за воената помош од Обединетото Кралство, Зеленски рече дека е „задоволен“ од она што го добила Украина и додаде дека е особено благодарен за помошта и од САД.

„Сакаме повеќе отколку што ни се дава, но задоволни сме. Не можеме да одбиеме или отфрлиме ништо за време на војната од најголемата воена помош, која доаѓа од САД и Велика Британија“, вели Зеленски.

Претходно, Велика Британија соопшти дека ќе обезбеди поголема помош, вклучувајќи беспилотни летала, противтенковско оружје и заштитени возила за мобилност.

Во телефонскиот разговор со неговиот украински колега, премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон, исто така, потврди дека британската амбасада во Киев ќе биде повторно отворена следната недела.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни