Свет

Земјотрес ја потресе турската провинција Кахраманмарас

Земјотрес ја потресе турската провинција Кахраманмарас

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди турската провинција Кахраманмарас. Епицентарот на земјотресот бил во областа Гоксун, на длабочина од седум километри, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни ситуации, јавува Anadolu Agency.

Кахраманмарас беше епицентарот на двата разорни силни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, кои ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари. Во тие земјотреси загинаа повеќе од 50.000 луѓе.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни