4NEWS.mk

Земјотрес на Нов Зеланд само неколку часа по ерупцијата на вулканот на Белиот остров

Само неколку часа по смртоносната ерупција на вулканот на новозеландскиот Бел остров, оваа земја ја погоди и земјотрес.

Потресот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтерова скала, а епицентарот се наоѓал на Северниот остров. Засега нема информации за евентуални жртви, ниту за предизвикана материјална штета.

Епицентарот на умерениот удар бил на релативно мала длабочина од 25 километри, а регистриран е во близина на местото Гибсорн, на околу 150 километри од вулканот, што вчера имаше силна ерупција.

При вулканската ерупција загинаа најмалку пет лица, а исчезнаа и неколку други.

Белиот остров е ненаселен и сите загинати, исчезнати и повредени биле туристи.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни