Свет

Земјотрес од 6,8 степени вечерва ја погоди Северна Калифорнија

Земјотрес од 6,8 степени вечерва ја погоди Северна Калифорнија

Силен земјотрес со интензитет од 6,8 степени ја погоди вечерва Северна Калифорнија, предизвикувајќи страв и загриженост меѓу жителите во оваа област.

Според првичните податоци, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри и бил лоциран на околу 308 километри од градот Санта Роса, во Соединетите Американски Држави.

Иако потресот бил почувствуван на пошироко подрачје, засега нема информации за материјални штети или жртви.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни