Земјотрес со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди западна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри.
Засега нема информации за евентуални повредени или штети.
