Земјотрес со јачина од 4,4 степени во Франција и Швајцарија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала попладнево ја погоди границата меѓу Франција и Швајцарија. Се почувствувал и во Германија.

Како што пишува EMSC, земјотресот бил на 14 километри југоисточно од францускиот град Монбелијар, нешто пред 16 часот. Монбелијар се наоѓа во близина на швајцарската граница. Некои корисници на страницата EMSC напишаа дека целата куќа им се тресела.