Земјотрес со јачина од шест степени ја погоди островската држава Доминика

Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала денес го погоди источниот дел од островската држава Доминика во Карипското Море, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.

Земјотресот се случил на растојание од околу 240 километри од главниот град Розо.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу девет километри.