Македонија

Земјотрес вечерва почувствуван во Тетово

Земјотрес вечерва почувствуван во Тетово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни