Земјотрес во Босна и Херцеговина, почувствуван и во регионот

Подрачјето на Босна и Херцеговина (БиХ) беше погодено од земјотрес кој, според првичните мерења, беше со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, објави вечерва веб-страницата Klix.ba.

Земјотресот е регистриран девет километри југозападно од Ливно, а бил почувствуван и во Хрватска и други делови од БиХ.

Земјотресот го почувствувале жителите на Бугојно, но бил почувствуван и во централните делови на БиХ, како и во Сараево.

Нема информации за можни жртви или материјална штета, додаде веб-страницата.