Земјотрес со јачина од 6.4 степени според рихтеровата скала, денеска го погоди јужниот дел на Јапонија, соопшти американскиот завод за геолошки истражувања.
Засега нема информации за евентуални штети или човечки жртви, пренесува Ројтерс.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 39 километри, 116 километри југоисточно од Кагошима.
Земјотресите се честа појава во Јапонија, која е една од сеизмолошки најактивната земја во Светот.