Балкан

Земјотреси во Грција и во Хрватска

Два земјотреси се случија денеска на Балканот, кој ги вознемири жителите на Сплит и на Атина.

Тој во Грција бил со интензитет од 5.3 степени по Рихтеровата скала, а епицентарот е на 132 километри северозападно од Атина, на длабочина од 13,7 километри.

Потресот бил почувствуван и во главниот грчки град.

Утринава потрес ги вознемири жителите на Сплит во Хрватска. Тој бил регистриран на 30 километри северно од Сплит во околината на Сињ. Магнитудата била 4.2 степени според Рихтер.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни