Бројот на самоубиства во Северна Кореја се зголемил за дури 40 проценти во однос на минатата година, соопшти јужнокорејската разузнавачка служба.
Во обид да ја запре кризата, лидерот Ким Јонг Ун издал тајна наредба со која се забрануваат самоубиства, нарекувајќи ги „предавство на социјализмот“. Со документот, на локалните власти им е наложено да го спречат секој иден случај, дури и со засилено надгледување на населението.
Според јужнокорејските извори, растот на бројот на самоубиства е поврзан со тешките економски услови, недостигот на храна и ограничените лични слободи, што создаваат сериозни психолошки и социјални притисоци меѓу граѓаните.
И покрај строгите мерки и идеолошката контрола, аналитичарите предупредуваат дека репресивните забрани не можат да ја решат суштинската криза, туку можат дополнително да го продлабочат незадоволството во земјата.