Жабуркање масло во устата: Зошто и како?

Жабуркањето маслиново, сончогледово или сусамово масло е одличен начин да ги елиминирате бактериите и нечистотиите во устата и грлото. И тоа не е сè, жабуркањето може да ви помогне при отстранувањето на токсините од целото тело, како и при лечењето на одредени заболувања.

Најпознатите здравствени придобивки од оваа пракса се:

  • Посветли и побели заби
  • Поздрави непца
  • Спречување на лошиот здив
  • Зголемување на енергијата
  • Намалување на појавата на главоболки
  • Ублажување на алергиските реакции
  • Подобар сон
  • Почиста кожа
  • Подобрување на здравјето на лимфниот систем
  • Регулирање на менструалниот циклус
  • Ублажување на симптомите на ПМС

Овој метод на жабуркање е едноставен и евтин. Сè што ви е потребно е една лажичка квалитетно маслиново, сончогледово или сусамово масло. Доколку сте загрижени за вкусот, можете да додадете и една капка есенцијално масло по ваш избор. Жабуркајте го маслото во устата полека и погрижете се да поминува и помеѓу забите. Препорачаното време за овој третман е 20-тина минути, но на почетокот обидете се да издржите барем 10 минути.

Маслото ќе ги апсорбира сите токсини и бактерии, па токму затоа се препорачува да го плукнете по жабуркањето. Оваа техника можете да ја повторувате од 2 до 3 пати дневно. Најдобро е да ја применувате наутро, пред миењето заби и потоа уште 2 пати во текот на денот, пред оброк. По жабуркањето измијте ги забите како и секогаш.