Македонија

Ждребување за локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ветуваат европска кампања

Прва на гласачкото ливче ќе биде ДУИ, бројот два ѝ припадна на Алијанса за Албанците, а трета ќе политичката партија Демократи. Под број четири ќе настапи Граѓанско демократска унија, опозициската ВМРО-ДПМНЕ под број пет, Движењето Беса ќе настапи со бројот 6, а СДСМ со број 7. Двете најголеми македонски партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ветија дека ќе водат мирна и европска кампања.

Претседателот на ДИК, Оливер Дерсковски уште еднаш повика партиите да не  водат предизборна кампања пред официјалниот почеток на 1-ви. Петмина кандидати поднеле кандидатури за предвремените избори за градоначалник на Охрид, а по двајца за градоначалници на Ново Село и Дебар. Локалните избори за овие три општини ќе се одржат заедно со претседателските. Изборите за градоначалничката функција беа распишани поради ненадејната смрт на градоначалникот на Oхрид Јован Стојаноски, кој почина на 15 декември минатата година. Во Ново Село ќе се избира нов градоначалник, бидејќи поранешниот Боро Стојчев поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна за обид за шверц на цигари. Избори за градоначалник во Дебар се организираат поради смртта на претходниот, Ружди Љата, кој, по кусо и тешко боледување почина на крајот на ноември минатата година, на 65-годишна возраст.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД АБАЗИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни