Желјазков: Очекуваме поддршка од ПССЕ за заштита на правата на бугарската заедница во Северна Македонија

Бугарскиот премиер Росен Желјасков побарал поддршка од Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за заштита на правата набугарската заедница во Северна Македонија.

Желјазков ова го потенцирал на средбата со претседателот на ПССЕ, Теодрос Русопулос, соопштија денеска од бугарската влада.

Иако на средбата Желјазков и Русопулос разговарале на повеќе актуелни теми, прашањето за бугарската заедница во земјава и повикот на бугарскиот премиер е посочено во насловот на соопштението објавено на веб-страницата на владата во Софија.

„Премиерот Росен Желјазков, исто така, ја нагласи суштинската улога на ПССЕ во областа на правото, човековите права и демократскиот развој. Премиерот ја истакна важната улога што Советот на Европа треба да ја игра во заштитата на правата на бугарската заедница во Република Северна Македонија. Желјазков изрази уверување дека нема да се дозволи висок форум како што е ПССЕ да се користи за антибугарска кампања“, се наведува во соопштението.