Свет

Жена на норвешки милионер била киднапирана, побаран откуп од 9 милиони евра

На сопругата на норвешкиот милионер веќе неколку месеци и се губи трагата после киднапирањето. Ан-Елизабет Фалкевик Хаген исчезна на 31. октомври од својот дом во близината на Осло. Од тогаш трае истрагата, но се чува во тајност поради сериозни закани, пренесува Би-Би-Си.

Норвешките медиуми пишуваат дека киднаперите бараат 9 милиони евра.

Хаген е мажена за Том Хаген чие богатство се проценува на 174 милиони евра кои ги заработил со енергетија и недвижности.

Парот живеел повлечен живот во Лоренск, во близината на Осло. Засега не постојат информации и докази дека госпоѓата Хаген е на сигурно.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни