Жена потрошила 165.000 долари за да ја направи најголемата колекција снежни топки во светот

Венди Свен, 50-годишна жена од Кина, е опседната со снежни топки. Таа го освои и Гинисовиот рекорд за најголема колекција на предмети во светот.

Собира снежни топки веќе 20 години, а од 2005 година го држи светскиот рекорд. Таа има 4.238 снежни топки, на кои потрошила околу 165.000 долари. Нејзината љубов кон симпатичните предмети започнала кога нејзиниот сопруг Рејмонд Чунг и го купил првиот снежен глобус.

„Тоа беше снежен глобус на мачка со глушец внатре, но тоа е компјутерско глувче од 24-каратно злато. На почетокот немав толку топки, па се фокусирав на количината. Подоцна, кога мојата колекција достигна бројка од 3.500 снежни топки, останав без простор во станот, па собирам само вредни и необични топки“, истакна Свен.

Свен ги чува сите снежни топки во соба од 20 квадратни метри во својот дом во Хонг Конг.

Во наменската просторија мебелот е изработен по мерка, со ротирачки кабинети, каде топките се изложени по категории и теми.

Постојат топки со ликови од цртаните филмови на Дизни, брендирани, со ликови од животни, спортски топки ….

Најскапиот снежен глобус е на брендот Луј Витон, кој се продава за 10.000 долари.

„Снежниот глобус е симбол на љубовта и јас целосно се согласувам со тоа“, изјавила Венди Свен.