Македонија

Жена пријави полово вознемирување и кражба од 3.500 евра од маж со кого престојувала во изнајмена соба во куќа во Драчево

Жена пријави полово вознемирување и кражба од 3.500 евра од маж со кого престојувала во изнајмена соба во куќа во Драчево
Фото: 4news.mk

На 02.04.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје К.Ј. (46) со моментално престојувалиште во Германија, а која на 11.03.2026 била во Р.С.Македонија заради административни причини, пријави дека во периодот од 17.03-31.03.2026 била полово вознемирувана од страна на  Б. „Н“, наводно таксист, кај кого престојувала во изнајмена соба во куќа во населба Драчево.

Според пријавеното, Б.„Н“ во повеќе наврати ја допирал по телото, а на 31.03.2026 забележала дека од нејзиниот паричник биле одземени 3.500 евра, по што избегала од куќата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни