Македонија

Жените деградирани во 21 век – 20% е разликата во стапката на вработеност

Голем број јавувања на националната СОС линија 141 -700 за пријавување насилство од целата територија на земјава информираат од Националниот совет за родова рамноправност како најстара организација заштита на правата за жените. Семејното насилство, родово базираното насилство пред се врз руралните жени кои тоа го прифаќаат како нормално однесување, економските права, застапеноста на работните места се најчестите кршења на правата на жените. Разликата на платата за иста работа која е 18% е уште еден од проблемите со кои се соочува жената во нашето општество. Се уште се присутни традиционалните норми, родово стереотипизирани улоги, патријархатот е присутен како систем. Од мали нозе треба да се подигне јавната свест за родовите улоги. Жената има репродуктивна, продуктивна и општествена улога во општетсвото. Жените го препознаваат насилството и имаат храброст да го пријават насилството, за разлика од пред десетина години.

„Стапката на вработеност кај жените изнесува 34, 6 % , додека пак стапката на вработеност кај мажите е 53,6. Значи можеме да видиме дека има 20 -тина проценти разлика во стапката на вработеност. Исто така стапката на економска активност на жената е многу пониска 44%, од економската активност кај мажите 69 %. Ова е резултат на нејзината преоптовареност која има двојна и тројна улога“, изјави Даниела Антоновска – национален совет за родова еднаквост.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни