Жичарата на Водно денес не функционира поради силен ветер

Жичницата во Скопје и денеска нема да сообраќа поради силен ветер, соопшти ЈСП Скопје.

Како што информираат од јавното претпријатие, јачината на ветерот ги надминува дозволените безбедносни граници за непречено функционирање на објектот, поради што превозот на патници е привремено во прекин.

Се вчитува...

Од ЈСП Скопје посочуваат дека надлежните служби постојано ја следат состојбата на терен, а жичницата ќе продолжи со работа веднаш штом се создадат соодветни временски услови и се обезбеди безбедно функционирање.

Од претпријатието апелираат за разбирање кај граѓаните.