Жичницата на Водно нема да работи 4 дена!

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје информира дека жичницата „Милениумски крст“ на Водно нема да биде во функција во следните четири дена.

Како што велат, во период од денеска (21 април) до петок (24 април).

Во периодот додека не работи ќе се врши контрола од стручни тимови од австриската фирма „Допелмаер“ (Doppelmayr).

„Од 25.04.2026 (сабота) жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците во вообичаеното работно време“, соопштуваат од ЈСП.