Македонија

Жителите на Батинце против „Дрисла“, Садики: Вршиме притисок да работи според стандардите

Лошата миризба која доаѓа од депонијата е една од многуте причини поради која жителите на село Батинце одлучија да го кренат гласот против „Дрисла“. Жителите се револтирани и велат дека во текот на лето се изолирани во нивните домови поради депонијата.

-Депонијата многу ни смета. Повеќе им штети на децата. Сите се болни, многу ни смета и лошата миризба која доаѓа, не се знае како работи.

-Депонијата не уништи, сите жители се болни, постојано одиме на лекар. Еве кај е депонијата, не можеме да излеземе надвор. Се чувствува лоша миризба и не можеме да излезе надвор, поради тоа постојано сме внатре.

-Секогаш ни смета. Секое сабајле кога стануваме ни смета. И навечер кога спиеме ни смета. До овде се чувствува лошата миризба. Што да направиме?

-Не го покриваат отпадот, фрлаат сешто, но не го покриваат. Воздухот е најзагаден наутро или навечер. Очекуваме дека нешто ќе се смени кога ќе ја преземат странците, да вршат рециклација, но што ќе биде не знаеме. – вели жител на село Батинце.

ТВ21 побара одговор од градоначалникот на Студеничани, на чија територија се наоѓа депонијата. Азем Садику вели дека презентираниот план на италијанскиот концесионер бил многу добар, но додава дека концесионерот не работел согласно планот.

-Доколку се работеше според планот, сигурно немаше да има проблеми. Состојбата видно е подобрена од претходно. Ние како општина вршиме притисок и даваме поддршка да се работи согласно стандардите. За жал не се работеше според планот кој ни беше претставен на почеток – вели Садики.

Од „Дрисла“ за ТВ21 велат дека состојбата на депонијата е видно подобрена и дека нема лоша миризба како во минатото. Од минатата недела „Дрисла“ повторно е под надлежност на Град Скопје. Се преговара со нов концесионер, германска компанија, која најверојатно до месец мај треба да ја превземе депонијата. Инаку, депонијата “Дрисла“ беше цел критики на еко-активистите и посочена како најголем загадувач на воздухот.  Пред извесно време пред депомијата се одржаа и протести.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни