Македонија

„Жителите на Ласкарци се херои“, рече Таравари – Јавно им се заблагодари за нивниот придонес

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, жителите на Ласкарци кои помогнаа по автобуската несреќа, ги нарече херои. Во знак на почит, тој во неговата канцеларија пречека неколку од нив за јавно да им се заблагодари за придонесот кој го дале на кобниот 13-ти февруари. Таравари вели дека Гостивар секогаш ќе одржува врски со Ласкарци.

„Денеска тука се хероите од 13-ти февруари, трагичната ноќ за Гостивар, всушност една мала делегација од целата таа екипа која таа ноќ ги спасија и им помогнаа на жителите на Гостивар. Ќе го искористам овој момент, за во име на сите гостиварци искрено да им се заблагодарам“, Арбен Таравари – градоначалник на општина Гостивар.

„Не знам како да го опишам тоа. Ние како народ сме за да си помагаме. Им се заблагодарувам на сите кои дадоа максимален придонес во тој случај. Не е мала трагедија. Во тој момент, не знаевме како да постапиме, но добро се организиравме. Го дадовме нашиот максимум, колку имавме можност со нашите средства да спасиме што е можно повеќе луѓе“, вели Самет Мислими – претседател на месна заедница на Ласкарци.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни