Жителите на грчкиот остров Санторини се закануваат со протести и туристички бојкот доколку не се ограничи бројот на посети на островот.
Министерството за туризам размислува за рестриктивна програма за пристап до островот.
Жителите на островот Санторини на различни начини протестираат против надтуризмот. Ова лето, во екот на сезоната, градоначалникот на островот беше принуден да ги замоли жителите да останат дома, бидејќи крстаречките бродови со 17.000 туристи пристигнаа на островот за само еден ден.
Локалните жители испратија апел до владата да воведе ограничување на протокот на туристи на островот. Бараат да се стопира издавањето на дозволи за изградба на туристички локалитети. За локалното население кое не е повеќе од 15 илјади луѓе, неподнослив товар е да се примат 2 милиони туристи во текот на сезоната, коментираат луѓето. Тие не мислат дека таксата од 20 евра по лице ќе ги спречи странците да го посетат островот. Екологистите известуваат за постојана ерозија на крајбрежјето. Има недостиг од вода за пиење и прекумерна потрошувачка на струја.
Министерството за туризам се обврза да го ограничи бројот на туристи дозволени во Санторини.
