Жителите на Варвара и Горно Соње без струја

Без електрична енергија од 8:30 до 14:30 часот ќе останат жителите од село Варвара, општина Студеничани.

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците во селото Горно Соње, месноста викана Коштан кон црквата и дел од улиците „10“, „12“ и „14“ кон селото.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Град Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.