Кејт Хашимото живее во Њујорк, кој е еден од најскапите градови во светот. Сепак, таа нашла начин да избегне да плати за било што. Начинот на кој живее е, најблаго кажано, чуден.
„Три години живеам во Њујорк, иако е најскапиот град за живеење, најдов начини да го заобиколам плаќањето. „Ако треба да трошам пари, ќе се обидам да платам што е можно помалку“, изјави таа за TLC.
Со буџет од само 200 долари месечно за животни трошоци, Кејт наоѓа начини да рециклира сè што може.
Никогаш не купувала мебел, туку работите ги зема од улица.
„Го опремив мојот стан така што го подигнав фрлениот мебел на улица пред да го однесат ѓубреџиите, заштедив неколку илјади долари на мебел“, рече таа.
Нејзиниот кревет е составен од стари јога душеци кои ги натрупала за да направи душек, а како трпезариска маса користи стари списанија.
Не сакајќи да троши пари на струја, Кејт избегнува да готви, а ги користи машината за миење садови и рерната како простор за складирање.
И додека Њујорк можеби е една од модните престолнини во светот, Кејт не е заинтересирана да биде во тек со најновите трендови.
„Осум години немам купено облека. Последен пат купив долна облека во 1998 година “, призна таа.
Облеката што ја носи ја пере под туш, бидејќи три години не користела машина за перење.
Нејзиниот најшокантен метод за заштеда на пари е фактот што одбива да издвои пари за тоалетна хартија.
„Не користам тоалетна хартија, само користам сапун и вода за да се мијам“, објаснува Кејт.
