Ова е Фериде Чукофци, мајка на три деца, Исра, Верде и Кенза. Тие живеат во мал подрум во скопска Гази Баба.
Фериде веќе осум години е разведена од сопругот. Од тогаш нивниот живот станал потежок поради сиромаштијата. Најлошото е тоа што по две недели тие треба да ја напуштат собата во која што живеат. Тие живеат под кирија, во подрум на една зграда. Мајката Фериде раскажува дека понекогаш ноќе воопшто не спие мислејќи што да прави.
„Живееме тежок живот во Гази Баба. По неколку дена треба да ја напуштиме куќата. Немам друг избор, морав да ве повикам вас, ТВ21, и лично да побарам малку милост за моите деца. Веќе седум пати водата влегува внатре. Сакам една куќа, немам услови како другите мајки. Јас сум разведена. Ме малтретираше, ме тепаше и морав да ги земам децата и да заминам од таму. Најмалата ќерка се роди во куќата на мајка ми. Три години живеев таму, сега сум под кирија, но треба да ја напуштам куќата“, рече мајката Фериде Чукофци
Со солзи во очите поради тешката состојба, мајката Фериде раскажува за болните моменти кога нејзините ќерки легнуваат гладни. Нивните маки стануваат уште поголеми кога имаат здравствени проблеми, а немаат пари да ги купат потребните лековите.
„Некогаш одиме на спиење гладни. Но им благодарам на хуманите луѓе кои ни носат храна. Сакаме само кров над глава, ништо друго. Јас боледувам од срцето, немав можност да купам лекови, тие пари ги потрошив за храна за децата“, кажа Фериде.
Исра и нејзините две сестри, Верде и Кенза, имаат многу желби, но пред камерата на ТВ21 побараа само топол дом. Децата со насолзени очи ја раскажуваат болката која ја чувствуваат кога ја гледаат нивната мајка како се труди да им ги исполни желбите.
„Ние не сакаме ништо друго, само една куќа и да ни биде топло. Мајка ми не израсна со многу маки, само да не останеме без храна. Хуманите луѓе ни купуваа облека и им благодарам на сите они кои ни помагаат“, рече ќерката на Фериде, Кенза Фетаху.
Додека екипата на ТВ21 заминуваше од импровизираната соба, четиричленото семејство уште еднаш апелираше за помош.
Контакт: 072-599-974
РЕПОРТЕР: АРМЕНД АБАЗИ