Град познат како дом на Дедо Мраз е во темница од почетокот на декември до почетокот на јануари. Сепак, овој град, бидејќи се брендирал како место каде што живее Дедо Мраз, многу добро живее од зимскиот туризам, па така зиме на секој чекор се поставени украси, светилки и слично.
Зимата во Европа подразбира пократки денови, студ и многу топли напитоци. Меѓутоа, на самиот север на стариот континент, реалноста е сосема поинаква – градовите и местата минуваат месеци во скоро целосна темница, со многу малку светлина. Овој феномен е познат како поларна ноќ. Сепак, луѓето во тие места живеат, работат и функционираат, а ако сте љубители на овој феномен, посветете време да ги посетите некои од овие градови…
Тромзе (Норвешка)
Иако тука обично нема светлина од средината на ноември до средината на јануари, градот кој се нарекува „Париз на северот“ во тоа време живее полн живот и на тој начин се бори против темнината. Фестивали и концерти се чести во овие месеци, а сето тоа се случува под будното око на Северното светло (Аурора Бореалис), кое често може да се доживее во тоа време. И покрај темнината, жителите се поттикнуваат да поминуваат што повеќе време надвор и во дружење, што 80.000 жители на градот редовно го прават.
Лонгјирбиен (Норвешка)
Во ова место живеат две и пол илјади луѓе и тоа е најнаселено место на архипелагот Свалбард. Темнината трае доста долго, па жителите не ја гледаат сончевата светлина од крајот на октомври до средината на февруари. Секако, темнината многу влијае на секојдневниот живот – децата одат на училиште со ламби на главата, а луѓето носат рефлективни елеци како обавезен дел од облеката. И тука фокусот е на дружењето и активностите, а интересно е што ако излегувате надвор од градот, препорачливо е да носите оружје поради опасност од поларни мечки.
Рованијеми (Финска)
Градот познат како дом на Дедо Мраз е во темница од почетокот на декември до почетокот на јануари. Сепак, бидејќи се брендирал како место каде што живее Дедо Мраз, многу добро живее од зимскиот туризам – зиме на секој чекор се поставени украси, светилки и слично. Секако, Финците многу време поминуваат во сауни, кои имаат важна социјална улога. Се ужива и во зимски спортови, а се поттикнува и активен живот.
Кируна (Шведска)
Најсеверниот шведски град има 17.000 жители, а оригинално е изграден и населуван поради рудникот со исто име. Тука сонцето не се гледа три недели, но често се заменува со поларна светлина. Покрај тоа, риболов на мраз, фестивали и лизгање ја олеснуваат секојдневието на жителите, а во споредба со други градови, времето без светлина тука е „мала мајка“.