Животната приказна на бездомниците, град Скопје донираше облека

Овој бездомник утеха наоѓа во музиката. Ице е уличен музичар од Струмица. Тој вели дека оди од град во град и ги забавува луѓето со неговата гитара. На тој начин заработува за парче леб. Во времето на Југославија бил член на бенд. Имале сон да станат славни, но сега Ице е 60 годишен. Останал сам и на ваков начин го исполнува својот сон.

И едно друго бездомно лице со нас ја сподели својата животна приказна. 18 години не ги видел сопругата и ќерката со кои изгубил контакт. Сафет бил во затвор и вели дека се кае за стореното дело, но останал без домот и семејството. Вели дека сака да работи, но не физичка работа, бидејќи е опериран. Стравува дека може да остане на улица бидејќи како што вели, нема доволно место во Пунктот за бездомници.

Се вчитува...

60 лица во Пунктот за бездомници во Момин Поток добија пакети со облека. Целта на оваа акција пред Нова Година, организирана од Црвен Крст со поддршка на Град Скопје е со цел да им се помогне на бездомниците.

Доколку има поголема потреба од прифатилишта, од Црвен Крст велат дека се на располагање и други центри. Од Црвен Крст исто така велат дека бројот на бездомни лица не е зголемен оваа година.

РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21