Македонија

Зијадин Села доби функција во АА – еве кои се новите потпретседатели на партијата

Зијадин Села доби функција во АА – еве кои се новите потпретседатели на партијата

Поранешниот лидер на Алијанса за Албанците Зијадин Села е избран за претседател на Централното Собрание на партијата. Ова е одлучено на денешното Собрание одржано во Куманово, на кое се избрани и останатите раководни тела.

Па, така за генерален секретар е назначен Кренар Лога, за организациски секретар Исен Шабани.

Едно место оставено е за Тетово кое допрва ќе го избира претставникот од огранокот, наредната недела.

Трите нови потпретседатели се Елми Азири, Илире Даути и Бујаре Абази.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни