Последното прашање од вечерашната емисија „Изборни дебати“ на ТВ21 го поставивме токму на тема која ќе биде актуелна по среда, односно кој со кој ќе коалицира и кој ќе успее да формира Влада.
Дали Зијадин Села по изборите ќе коалицира со Христијан Микоски и ВМРО-ДПМНЕ?
„Одговорот Фатмир е на денот на изборите, откако ќе ги добиеме гласовите… Јас не сум Зијадин Села, јас го преставувам ветувањето за кое гласале Албанците“, рече Зијадин Села како одговор на прашањето поставено од модераторот на емисијата, Фатмир Алиу.
На прашање дали нешто се променило од 2016-та година во ВМРО-ДПМНЕ, тој вели дека не е негова работа да врши проценка.
.