Муслиманите ширум светот денеска го слават најголемиот празник – Бајрам.
Бајрам муслиманите го слават со зборовите „Bajram šerif mubarek olsun“, што во превод значи „Нека е благословен бајрам“.
Одговорот е: Аллах рази олсун (Алах да биде задоволен од тебе).
За време на Бајрамските празници муслиманските верници ги посетуваат и им честитаат на своите најблиски, роднини, соседи и пријатели. Посетите на роднините се задолжителен дел од бајрамските празници за муслиманите.
Редакцијата на 4news.mk на сите муслимански верници им го честита Бајрам и им посакува празникот да го поминат во мир и среќа со своите семејства – Бајрам Шериф Мубарек Олсун.