ЗНМ со апел до медиумите: Известувањето за погребот да биде во согласност со етичките принципи

Од Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ упатија апел до медиумските работници кои се во моментов на терен.

Тие велат да се почитува приватноста и етичките стандарди и дека новинарството е во служба на јавниот интерес, но никогаш на сметка на човечкото достоинство.

„Почитувајте ја приватноста и етичките стандарди

ЗНМ потсетува дека известувањето од денешниот погреб мора да биде во согласност со претходно утврдениот протокол и со основните принципи на професионалната етика.

Објавувањето на фотографии и видеа со гробни места, блиски членови на семејствата и приватни моменти претставува директно кршење на препораките за етичко известување и нарушување на достоинството на засегнатите лица.

Ги повикуваме оние неколку медиумски работници и редакции кои отстапуваат од протоколот, да покажат почит и одговорност, да не објавуваат содржини што можат да предизвикаат дополнителна болка и да се придржуваат кон стандардите на етичко новинарство.

Новинарството е во служба на јавниот интерес, но никогаш на сметка на човечкото достоинство“, велат од ЗНМ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното