Зошто куркумата е толку корисна?

Куркумата припаѓа на одделот Angiosperms, семејството Ginger – ова се ботаничките факти за овој шарен корен, чиј прав најмногу го користиме во готвењето. Во последно време, пак, покрај во кујната, куркумата наоѓа место и примена и во здравата исхрана и козметиката. Кои се придобивките од неговата секојдневна употреба? Еве некои од нив:

Тоа е моќен антиоксиданс

Се вчитува...

Според голем број студии, оксидативното оштетување се смета за еден од механизмите на стареење и е поврзано и со голем број други болести. Една од причините зошто антиоксидансите се сметаат за исклучително корисни за здравјето е тоа што го штитат нашето тело од слободните радикали. Тие, пак, може да доведат до оштетување на ДНК. Поради својата хемиска структура, куркуминот може да ги неутрализира овие штетни материи и да има корисен ефект врз сопствените антиоксидантни ензими на телото.

Може да ги намали депресивните состојби

Иако нема многу студии за овој ефект на куркумата, постојат некои истражувања кои покажуваат дека овој зачин може да има врска со намалување на симптомите на депресија. Ова најверојатно се должи на влијанието што куркуминот го има врз функцијата на невротрансмитер.

Поволно делува на дијабетес

Според едно истражување, супстанцијата содржана во куркумата е 400 пати помоќна од еден од најчесто користените препарати против дијабетес. Употребата на куркумин може да го подобри третманот на инсулинската резистенција и да се користи за ублажување на преддијабетични состојби.

Има моќно антиинфламаторно дејство

Воспалението во телото е сигнал за процес во кој се обидува да се справи со вирусите и бактериите. За жал, сепак, не сите воспаленија се безопасни. Според студиите, хроничното воспаление на пониско ниво може да биде директно поврзано со негативни здравствени состојби. Тоа може да бидат: метаболички синдром, срцеви заболувања, Алцхајмерова болест, како и други дегенеративни состојби. Се разбира, пред да започнете со употреба на додатоци во исхраната, секогаш треба да се консултирате со вашиот лекар. По неговото мислење, можете да се распрашате и да земете куркума во вид на капсули или таблети.