Македонија

Зошто моралот треба да чека истрага?

Во тек се две истраги по трагедијата во Тетово. Едната треба да ги утврди причините за пожарот, другата како биле градени модиларните ковид болници. Извештајот за причините во соработка со германските експерти треба да биде готов за 15 дена, а до тогаш нема да има одлука по поднесените оставки, за кои пак премиерот Заев вели дека станало банална тема.

Оставките се морални, но премиерот сепак одлучи дека треба да чека да заврши истрагат па да донесе одлука дали истите треба да бидат прифатени.

Денеска кога новинарите го прашаа премиерот за оставките на  министрите и двајцата директори на Клиничката болница во Тетово, тој вели дека ова прашање веќе станало банално.

Како што е информиран од Министерството за внатрешни работи, Заев вели дека извештајот од германските експерти ќе биде готов  за 10 до 15 дена, а извештајот од нашите органи очекува да биде готов во најкраток можен период.

Минатиот петок, граѓаните на Тетово протестираа пред Општина Тетово и седиштето на ДУИ барајќи одговорност и оставка од власта поради трагедијата во Тетово во која загинаа 14 лица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни