Руската државна телевизија остро го критикуваше американскиот водител на Си -Ен -Би -Си, Хедли Гембл, кој претседаваше со седницата на енергетскиот форум во Москва, на која учествуваше и рускиот претседател Владимир Путин.
„Па, тоа, луѓе мои, беше скандал! Таа се обиде да го збуни нашиот претседател. Се облече во црн фустан, ја префрли косата, ги облече чевлите со потпетица 12 сантиметри и седна пред претседателот. Намачкана со сјајно масло на нозете. Таа дури и немаше чорапи “, рече шокираната водителка на руската државна телевизија за Гембл.
Рускиот новинар Владимир Соловиов во телевизиската програма „Rossiya-1“ рече дека водителката се обидела Путин да го извади од такт и дека за тоа ги искористила сите атрибути.
„Ми се чини дека таа темелно се подготвуваше за средбата со рускиот претседател, како да одеше на модна писта. Ослабе неколку килограми, навлече мал црн фустан и ја пушти косата“, вели новинарот.
Во разговор со новинарката, Путин го коментираше и нејзиниот изглед. На прашањето дали Европа може да верува дека Русија е сигурен енергетски партнер, тој одговори: „Вие сте убави и фини. Јас велам едно, а вие упорно кажувате нешто друго, како да не слушате што воопшто зборувам “.
Самата Гембл критиките ги објави на социјалните мрежи. Таа објави фотографија на Инстаграм како држи руски весник со фотографија од нозете во преден план и напиша: „Ова е мојот најдобар агол!“
