Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во „Изборни дебати“ на ТВ21 одговара на прашањето зошто токму сега е време за премиер Албанец.
„Прашањето за премиерот е прашање на политички договор, владите се политички влади, ниту една ја нема доминацијата над силата која ги обединува силите за да се формира Владата. Затоа што таму се усогласуваат изборните програми. Владата е политичка, договорите за извршна власт се политички договори, а претседателот е друго прашање и не случајно ние го отворивме прашањето за консензуален претседател. Затоа што за претседателот гласаат граѓаните и ти не можеш да направиш договор со граѓаните. Но, ќе беше остварливо така како што ние баравме, претседателот се избере во Собрание. Во Собрание може да се прават договори, може страните да се договорат, но вака како што сме ние организирани за избор на претседател потребно е да имаме договор, консензус, и зошто да не може да се постигне во иднина консензус, за да биде Албанец“, рече Али Ахмети во интервју за ТВ21.
Ахмети претходно во емисијата зборуваше зошто во 2016 година не бил баран премиер Албанец.
.